Добар дел од генерациите воспитувани со новата педагогија се нарциси неспособни за живот

Одговорот на прашањето која е причината за трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград го добив токму во ова училиште пред неколку години. Затоа што таму не само што имав наставна пракса за време на магистерските студии, туку таму бев првпат кратко време на замена, вели српскиот историчар Милан Бојиќ во текстот објавен на еден тамошен портал.

Едно мало момче (петто одделение), кое тешко се забележуваше затоа што беше исклучително ситен, дрско ѝ одговори на наставничката по историја (мој тогашен ментор) дека не може така да му се обраќа, бидејќи тој си ги знае неговите права. Во тој момент, како што ненадејно удира молња, интуитивно ми се појави помислата дека ова е најлошиот начин за воспитување деца.

Училиштето „Владислав Рибникар“ важи за најелитното основно училиште во државата. Таму учат децата на познати лекари, актери, политичари, водители, спортисти, уметници итн. Училиштето е познато по пионерските нови иновативни методи, кои предничат во спроведувањето на новата педагогија олицетворена во зборовите на споменатиот ученик дека ги знае своите права (без обврски). Токму затоа дел од студентите од мојот поранешен факултет секоја година доаѓаат во ова училиште на пракса, за да добијат најсовремена обука.

Поминав околу две години во образованието, сменив неколку основни и средни училишта. Сум бил сведок на разни настани, од деца кои физички ги напаѓале наставниците, неможејќи да го надминат своето самоволие, до случка кога колешка му се закани на ученик дека ќе го испрати кај педагогот, цело одделение скокнало барајќи од неа да ги испрати и нив, бидејќи слушнале дека педагогот ги послужува проблематичните ученици со чоколадо и сок.

Суштинскиот проблем е новата педагогија која од децата прави мали фараони, децата навикнати на таков третман дома, доаѓаат на училиште каде овој третман продолжува и, за жал, пораснуваат во нарцисоидни личности неспособни за живот. Навистина, воопшто нема да ме изненади ако се покаже дека единствената причина за трагедијата е единицата по историја.

Добар дел од генерациите воспитани со новата педагогија воопшто не се способни да живеат, бидејќи не можат да трпат ни најмала неправда или ситница што не им се допаѓа. Свесно се оградив, бидејќи работите не смеат да се генерализираат. Навистина има многу прекрасни деца, со кои е радост да се работи.

Кога на сето тоа ќе се додаде американската (глобалистичка) „култура“ или начин на живот, тогаш не треба да се чудиме зошто Америка дојде кај нас, зошто глобализмот ги жнее своите плодови. „Културата“ што ја впиваат децата преку холивудските филмови, насилните игри, популарноста на реалити ѕвездите на ова општество, преку инфлуенсерското „образование“ на Баба прасе и слични.

Очигледен е процесот на уништување на нашите деца кои имаат исклучителен потенцијал. Иако е јасно дека никој ништо нема да направи на ова поле, барем нека се чуе глас против системот што ги јаде неговите деца, со молитвено чувство на сочувство за семејствата на невините деца и персоналот, вели во текстот авторот.