Додека деновиве порталите се преплавени со грди слики од фрлен отпад, особено од Охрид кој за време на празничниот викенд беше преплавен со туристи, ние најдовме и нешто што буди надеж – средено катче пред ‘Прва руска’ во скопската населба Тафталиџе 1. Децата од оваа, но и од околните згради конечно имаат убав пример како треба да се чува природата и јавниот простор.
Се надеваме дека ќе бидат добар пример и за околните згради и дека децата кои ќе пораснат тука, а пред очи ќе им биде симпатичниот знак на кој пишува: ‘Природата моли, не уништувај ме, боли!’, ќе пораснат во грижливи и одговорни луѓе.
Затоа, делувајте, не им зборувајте. Покажете им како треба да ја чуваат природата – со дело.