Додека сите објавуваат купишта смет, ние најдовме нешто убаво
Децата од Прва руска, но и сите други кои живеат тука, имаат навистина убаво и средено катче. Ова средено зелено паркче се наоѓа во скопската населба Тафталиџе 1, спроти гимназијата ‘Георги Димитров’. Ете, инспирација за останатите… Испратете ни фотографии доколку и вие имате сличен пример
![117159014_296482864913516_6772260253284497491_n](https://majkaidete.mk/wp-content/uploads/2020/08/117159014_296482864913516_6772260253284497491_n-e1596612416164-696x713.jpg)
Додека деновиве порталите се преплавени со грди слики од фрлен отпад, особено од Охрид кој за време на празничниот викенд беше преплавен со туристи, ние најдовме и нешто што буди надеж – средено катче пред ‘Прва руска’ во скопската населба Тафталиџе 1. Децата од оваа, но и од околните згради конечно имаат убав пример како треба да се чува природата и јавниот простор.
![](https://majkaidete.mk/wp-content/uploads/2020/08/117232101_224514038793053_6722240714880839863_n-768x1024.jpg)
Се надеваме дека ќе бидат добар пример и за околните згради и дека децата кои ќе пораснат тука, а пред очи ќе им биде симпатичниот знак на кој пишува: ‘Природата моли, не уништувај ме, боли!’, ќе пораснат во грижливи и одговорни луѓе.
Затоа, делувајте, не им зборувајте. Покажете им како треба да ја чуваат природата – со дело.
![](https://majkaidete.mk/wp-content/uploads/2020/08/117197891_640473516587203_7849862227735878878_n-768x1024.jpg)