Дали некогаш сте слушнале за терминот невидлива бременост? Тоа е реално, а се однесува на случаи кога жената не знае дека е бремена, понекогаш дури и додека не се породи. Ова се случува затоа што најпрепознатливите симптоми на бременоста, како што е трудничкиот стомак, се отсутни.
Д-р Каран Рајан се согласува дека понекогаш бременоста навистина може да биде невидлива. Тој објасни дека тоа може да се случи поради неколку работи.
„Повеќето жени имаат матка која е малку навалена напред, но кај една од пет жени таа е навалена наназад, кон ‘рбетот“, вели тој во видеото на Тик-Ток.
Тој истакнува дека поради ваквата положба на матката, стомакот воопшто не мора да се гледа.
„Други фактори кои би можеле да резултираат со невидлива бременост вклучуваат претходни хируршки процедури, ендометриоза и други гинеколошки состојби кои би можеле да предизвикаат лузна на сакроутериниот лигамент“, додава тој.
Според хирургот, трудничкиот стомак може да биде помалку видлив дури и кај високите жени.
„Ако сте повисоки, имате подолго торзо, така што има повеќе простор за матката да се развива нагоре, а не само нанадвор“.
[…] Побарајте го видеото ТУКА. […]