Дознала дека е трудна кога добила болки: Лекар објаснува зошто некои жени не знаат дека се бремени додека не почне породувањето (ВИДЕО)

Д-р Каран Рајан се согласува дека понекогаш бременоста навистина може да биде невидлива. Во видео на Тик-Ток тој објаснува дека тоа може да се случи поради неколку работи.

346

Дали некогаш сте слушнале за терминот невидлива бременост? Тоа е реално, а се однесува на случаи кога жената не знае дека е бремена, понекогаш дури и додека не се породи. Ова се случува затоа што најпрепознатливите симптоми на бременоста, како што е трудничкиот стомак, се отсутни.

Д-р Каран Рајан се согласува дека понекогаш бременоста навистина може да биде невидлива. Тој објасни дека тоа може да се случи поради неколку работи.

„Повеќето жени имаат матка која е малку навалена напред, но кај една од пет жени таа е навалена наназад, кон ‘рбетот“, вели тој во видеото на Тик-Ток.

Тој истакнува дека поради ваквата положба на матката, стомакот воопшто не мора да се гледа.
„Други фактори кои би можеле да резултираат со невидлива бременост вклучуваат претходни хируршки процедури, ендометриоза и други гинеколошки состојби кои би можеле да предизвикаат лузна на сакроутериниот лигамент“, додава тој.

Според хирургот, трудничкиот стомак може да биде помалку видлив дури и кај високите жени.

„Ако сте повисоки, имате подолго торзо, така што има повеќе простор за матката да се развива нагоре, а не само нанадвор“.

@dr.karanr

Invisible pregnancy! @nikki salazar

♬ original sound – Dr Karan Raj
Повеќе