Ако некогаш сте се запрашале што се случува во телото на една жена кога таа носи бебе, оваа реалистична анимација од Научниот музеј во Чикаго ќе ви го покаже токму тоа.
Видеото кое стана вирален хит на социјалните мрежи покажува како телото на трудницата се менува од недела во недела и се прилагодува на бебето кое е на пат.
Како што јасно можеме да видиме во анимацијата, за време на бременоста, органите на жената се подготвуваат за детето, правејќи доволно простор за негово правилно развивање. Промените се навистина драстични, а како точно изгледаат можете да видите во ова видео од 40 секунди кое беше објавено на каналот YouTube пред неколку години и има над два милиони прегледи.
[…] Видеото можете да го видите ТУКА. […]