Првите училишни денови претставуваат голем предизвик за родителите и првачињата! Тоа е важен и голем настан во животот на сите ученици. Толку многу се случува во училишните клупи и многу деца не можат да ја скријат својата возбуда, па често гордо се шетаат со своите нови училишни чанти, уредни кутии за моливи и наредени книги и тетратки дури и неколку дена пред почетокот на наставата. Возбудата е на својот врв! Сите се сеќаваме на тоа чувство некаде во некое катче од нашите умови, нели?
Освен првачињата, особено се возбудени и нивните родители. По многу искуство и работа со деца и бројни тајни и интересни анегдоти кои ги споделуваат со нив првачињата, експертите им откриваат неколку тајни на родителите.
Еве неколку работи за кои мислиме дека се најважни да се запаметат и да се применат:
Воведете рутина. Децата ја сакаат рутината и таа позитивно влијае на нив, затоа потрудете се да воведете рутина околу спиење, рутина на будење, јадење, рекреација…
Училиштето не е ништо страшно или опасно. Училиштето е место кое на детето му отвора многу нови знаења, пријателства, можности и други предизвикувачки и возбудливи ситуации. Детето кое на овој начин го замислува училиштето е многу помалку анксиозно и оптоварено.
Заедно со детето подгответе ја целата потребна опрема за училиште (училишна чанта, моливче, тетратки, моливи, боички…) и дозволете му на детето да учествува во изборот заедно со вас. Така ќе му стане уште појасно дека се ближи училиштето и што го чека таму.
Подгответе го вашето дете за училиште како за нешто чии барања сигурно ќе ги усвои со посветеност, труд и работа. Го учите детето да биде независно, но и да биде подготвено да побара помош без срам.
Фокусирајте се на силните страни на вашето дете. Оставете ги настрана вашите сопствени исполнети или неостварени амбиции и следете ги желбите и можностите на вашето дете.
Првите денови и искуства на училиште влијаат на самодовербата и перцепцијата на детето за себе и за неговите квалитети, затоа разговарајте со детето и погрижете се детето да доживее и да стекне позитивни искуства во овој почетен период. Истакнете ги неговите доблести и силни страни и оставете му да ја знае неговата вредност.
Не паничете. Сè ќе се постигне и на крајот сè ќе си дојде на свое место. И во оваа ситуација сте модел за детето, а доколку има насмевка на вашето лице, детето веројатно ќе се чувствува попријатно.
Првачиња, со среќа!