Како да се подготви детето за прво одделение?

Почнувањето во прво одделение е голем момент во животот на целото семејство, особено за детето кое за прв пат наидува на нови правила на однесување, нови лица, простор… Сето ова претставува голема промена. Еве неколку корисни совети од експерти за родителите на првачињата и децата кои за прв пат ќе седнат во училишната клупа.

545

Првите училишни денови претставуваат голем предизвик за родителите и првачињата! Тоа е важен и голем настан во животот на сите ученици. Толку многу се случува во училишните клупи и многу деца не можат да ја скријат својата возбуда, па често гордо се шетаат со своите нови училишни чанти, уредни кутии за моливи и наредени книги и тетратки дури и неколку дена пред почетокот на наставата. Возбудата е на својот врв! Сите се сеќаваме на тоа чувство некаде во некое катче од нашите умови, нели?

Освен првачињата, особено се возбудени и нивните родители. По многу искуство и работа со деца и бројни тајни и интересни анегдоти кои ги споделуваат со нив првачињата, експертите им откриваат неколку тајни на родителите.

Еве неколку работи за кои мислиме дека се најважни да се запаметат и да се применат:

Воведете рутина. Децата ја сакаат рутината и таа позитивно влијае на нив, затоа потрудете се да воведете рутина околу спиење, рутина на будење, јадење, рекреација…

Училиштето не е ништо страшно или опасно. Училиштето е место кое на детето му отвора многу нови знаења, пријателства, можности и други предизвикувачки и возбудливи ситуации. Детето кое на овој начин го замислува училиштето е многу помалку анксиозно и оптоварено.

Заедно со детето подгответе ја целата потребна опрема за училиште (училишна чанта, моливче, тетратки, моливи, боички…) и дозволете му на детето да учествува во изборот заедно со вас. Така ќе му стане уште појасно дека се ближи училиштето и што го чека таму.

Подгответе го вашето дете за училиште како за нешто чии барања сигурно ќе ги усвои со посветеност, труд и работа. Го учите детето да биде независно, но и да биде подготвено да побара помош без срам.

Фокусирајте се на силните страни на вашето дете. Оставете ги настрана вашите сопствени исполнети или неостварени амбиции и следете ги желбите и можностите на вашето дете.

Првите денови и искуства на училиште влијаат на самодовербата и перцепцијата на детето за себе и за неговите квалитети, затоа разговарајте со детето и погрижете се детето да доживее и да стекне позитивни искуства во овој почетен период. Истакнете ги неговите доблести и силни страни и оставете му да ја знае неговата вредност.

Не паничете. Сè ќе се постигне и на крајот сè ќе си дојде на свое место. И во оваа ситуација сте модел за детето, а доколку има насмевка на вашето лице, детето веројатно ќе се чувствува попријатно.

Првачиња, со среќа!

Повеќе