Како да воспитате среќни тинејџери? Данските родители ги следат овие 10 принципи

Воспитувањето тинејџери може да биде предизвик без разлика во која земја живеете. Но, ако ги следите принципите на родителство што се користат во една од најсреќните земји во светот, ги имате основите за помалку стресен семеен живот. Ова го тврди данската психотерапевтка Ибен Сандал, која истакнува дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) речиси секоја година од 1973 година ја прогласува нејзината матична земја за најсреќна земја во светот. Значи, ако родителите сакаат да воспитуваат среќни, добро прилагодени тинејџери, се чини дека родителството кое Данците го практикуваат е вистинскиот начин.

„Фокусот треба да биде на воспитување на самоуверени, здрави тинејџери со карактер. Колку и да звучи тешко, обидете се да останете смирени кога тинејџерите беснеат. Данското родителство е одличен пристап за оние кои сакаат да ги поминат тинејџерските години на своите деца без бескрајни кавги. Тоа ќе им помогне на родителите и старателите да ги воспитуваат тинејџерите со самодоверба и смиреност, дури и кога тоа е предизвик“, објаснува таа.

Сандал, која има ќерки на возраст од 19 и 22 години, опишала 10 клучни принципи на данското родителство во нејзината нова книга „Данскиот начин на одгледување тинејџери“.

Верувајте им
Сандал вели дека довербата е важно да се практикува уште од рана возраст, иако никогаш не е доцна да покажете доверба во вашето дете.

„Довербата помага да се изгради благосостојба, сигурност и доверлив однос. Довербата е свесен избор. Ако вашиот тинејџер ги почитува меѓусебните договори и чувствува дека неговите родители безусловно му веруваат, тој ќе го исполни тоа“, објаснува таа.

Ценете го заедништвото
Заедништвото значи одржување близок и значаен однос со тинејџерот. Сандал истакнува дека на тинејџерите им се потребни родителите покрај нив.

„Во свет полн со несигурност, на тинејџерите им треба безбедно место во заедницата на домот. Во спротивно, тие ќе одлетаат и ќе најдат други места надвор од домот кои нема секогаш да бидат позитивни и безбедни“, предупреди таа.

Сочувствувајте со нив
Емпатијата, која им олеснува на луѓето да се поврзат со другите, се развива во детството преку односите со родителите, а овој процес продолжува и во адолесценцијата. Според Сандал, покрај тоа што ќе покажат емпатија кон својот тинејџер, родителите треба да се обидат да се поврзат и со сопствените чувства.

„Колку родителите се поотворени за своите чувства, толку подобро тинејџерите ќе ги читаат своите и туѓите емоции. Ова има значително влијание врз тоа како тие ќе научат да се разбираат себеси“, додава психотерапевтката.

Играјте си, но не како со мали деца
Можеби мислите дека тинејџерите се премногу стари за да играат, но тоа помага да се изгради независност и карактер. Сандал советува со тинејџерите да се играат кои поттикнуваат критичко размислување.

Научете да ги слушате правилно
Сандал вели дека родителите треба да ги научат своите тинејџери да ги слушаат другите со љубопитност и почит и да имаат критички поглед на она што го слушаат.

Погрижете се да се чувствуваат слушнати
Иако тинејџерите ретко прават нешто за намерно да ги повредат своите родители, тие ќе ве предизвикаат кога не се вклучени во одлуките или не се чувствуваат како да ги слушате. Ако сакате да го избегнете ова, Сандал советува отворено да разговарате со децата и да ги охрабрувате да преземат одговорност за своите постапки.

Прифатете ја нивната уникатност
Родителите треба да сфатат дека за повеќето тинејџери е стресно да се запознаат себеси, а мама и тато се луѓето кои треба да го поддржат растот и развојот на детето, „без да го ставаат во кутија“, нагласува Сандал.

„Начинот на кој родителите ги гледаат своите тинејџери им овозможува подобро да ги разберат своите мисли, чувства, желби и граници, а тоа во голема мера влијае на нивната самодоверба“, објаснува таа.

Зборувајте отворено и искрено
Родителите треба да разговараат за човечкото тело, чувствата и границите со својот тинејџер бидејќи тоа може да помогне да се намалат сомнежите и несигурноста.

„Таквите разговори ја зголемуваат самодовербата на тинејџерите, овозможувајќи им да видат каков може да биде автентичниот контакт. Тие го нормализираат она за што беснее нивната имагинација“, тврди Сандал.

Нема ултиматум
Не им поставувајте ултиматуми на тинејџерите. Според Сандал, ова често создава конфузија и страв, што може да доведе до бунт.

„Зборувајте им со почит на вашите тинејџери и тие ќе ви зборуваат со почит. Останете смирени додека беснее бура – погледнете под површината и разберете зошто тинејџерите се однесуваат така“, објаснува таа.

Обидете се да гледате поинаку на ситуацијата во која се наоѓате
Конечно, Сандал советува да се обидеме да ги реконструираме ситуациите за да ги видиме во поинакво светло.

„Може да се случи вашиот тинејџер да доцни, но тој ви се јавил однапред да ве извести. Како родител, посочете го позитивниот факт што тој ви јавил дека ќе доцни наместо да го карате“, вели таа.

roditeliДанцитинејџери