Големо интересирање во светот од секогаш предизвикувал начинот на кој Јапонците ги воспитуваат децата, а кое се нарекува „икудзи“ и кое не е само педагошки метод, туку цел филозофски систем усмерен на воспитување и образование на младите поколенија.
Единството на мајката и детето: во првата година од животот мајката и нејзиното дете се една целина.
Мајката во Јапонија ја нарекуваат „амаз“. Многу е сложено да се преведе значењето на тој израз, но глаголот кој е изведен од таа именка означува претежно „да се гали“, „да се штити“, „да се биде заштитник“. Во текот на вековите воспитувањето на децата во јапонското семејство било обврска на жената. Меѓутоа, во 20.век карактерите и навиките драстично се смениле. Ако некогаш припадничките на поубавиот пол се занимавале исклучиво со домаќинство и со други домашни обврски, денеска современите Јапонки учат, работат, патуваат. Но тоа не им пречи, ако се одлучат за мајчинство, целосно да му се посветат.
За Јапонката не е препорачливо да биде вработена додека детето не наполни три години и да им го препушти детето на чување на бабата и дедото. Главна обврска на жената е да биде мајка, а на пренесувањето на своите обврски на некој друг, во Јапонија не се гледа со одобрување.
Освен тоа, во првата година од животот мајката и детето се буквално нераздвојни. Каде и да оди Јапонката, со што и да се занимава, не се раздвојува од детето и тоа ѝ е или на градите или на грбот. Бејби-слинг марамите во Јапонија се појавиле многу пред да влезат во мода на Запад, а креативните јапонски дизајнери не штедат фантазија и идеи за да ги направат што поживописни и поразновидни.
Постојаниот физички и духовен контакт со мајката создава неизбришлив мајчин авторитет. За еден Јапонец не постои ништо што би било полошо, погрдо и поневоспитано од тоа да ја навреди својата мајка.
Дете-бог
До петтата година, во согласност со принципот на „икудзи“, детето е небесно суштество. Ништо не му се забранува и никој не смее да го покачи тонот кога му се обраќа или да го казнува.
За него не постои зборот „забрана“, „не смееш“, „лошо“, „опасно“.
Детето е слободно во својата спознајна активност. Од агол на европските и американските родители, тоа е разгалување, поттик за изразување на каприциозност, отсуство на контрола. Но всушност, родителскиот авторитет и власт над детето во Јапонија е значително посилна и поизразена отколку на Запад. Сето тоа затоа што се се заснива на личен пример и се потпира на чувства и емоции.
Дете-роб
Кога ќе наврши 15 години, јапонското дете почнува да се соочува со „суровата реалност“, кон него се применуваат строги правила кон кои мора да се придржува. Станува збор за тоа што од многу дамнешни времиња, јапонското друштво е заедништво: климатските и економските услови ги приморувале да живеат и да работат рака под рака. Само взаемноста, солидарноста и предаденоста на служењето за општото добро, можеле да обезбедат добар род на ориз, а тоа значи обезбедена храна и ситост. Со тоа може да се објасни и силниот развој на заедничка свест и систем кој се заснивал на патријархална семејна хиерархија.
Општите интереси биле над се, а човекот е само штрафче во сложениот механизам.
И токму затоа детето после петтата година учи да бидат дел од групата.
Детето во Јапонија брзо се навикнува да ги жртвува егоистичните интереси во полза на колективното добро.
За Јапонците нема ништо пострашно од друштвена изолација и детето брзо се навикнува да ги жртвува своите индивидуални, егоистични интереси и да ги потчини на оние на колективот.
Помеѓу омилените активности на јапонските деца спаѓаат тимските спортски игри, штафета и хорско пеење.
И така следните 10 години од животот детето се учи да биде дел од микро-групата, сложно и солидарно да работи во колективот. Така се формира неговата колективна свест и општествена одговорност.
Детето – рамноправен член на друштвото
Со навршени 15 години, детето се смета за веќе формирана личност. Натаму следува покуса етапа на отпор и самоидентификација кои, впрочем, ретко кога можат да ги подријат основите втемелени во претходните два периоди на растење.
„Икудзи“ е толку парадоксална и би можело да се каже дури и чудна воспитна метода. Во краен случај, барем така изгледа од наш европски агол на гледање. Меѓутоа, таа воспитна метода во Јапонија е проверувана со векови и им помага да израснат во дисциплинирани граѓани кои ќе се придржуваат кон законите на својата земја.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]