Видеа на јутјуб, на ТикТок и слично, станаа прилично вообичаена забава за многу луѓе, но често ги користат и најмалите. На децата често им е интересна оваа форма, особено поради фактот што трае кратко, а следуваат една по друга – иста тематика и во нив може да се ужива бесконечно. Но, дали некогаш проверувате што всушност гледа вашето дете?
Токму овие форми е речиси невозможно да се контролираат и на кој било начин да се следат, бидејќи факт е дека обично им ги даваме на децата кога ни треба малку време за нешто друго. Алгоритмите ги водат низ видеа на слична тема, а вие имате време да го исчистите станот или да ја измиете косата.
И тогаш, сосема неочекувано, пред детето влетува филмче со вознемирувачко вовче кое вели дека „ќе ги убие сите“.
Да, добро прочитавте. Ако мислите дека вашето дете е безбедно додека гледа филмови со саканото вовче Томи, лесно можете да згрешите. Особено затоа што овие видеа се на платформата YouTube Kids, специјално дизајнирани за малите. Една мајка била шокирана кога ја видела вознемирувачката сцена како се одвива пред очите на нејзиниот син за време на епизодата од серијата „Томи и пријателите“.
Мајката Хана Бишоп неодамна им се обратила на родителите на нејзиниот профил на TikTok за да ги предупреди да внимаваат на нивните деца додека гледаат кратки видеа на интернет.
„Внимавајте што гледаат вашите деца на Јутјуб! напишала таа во предупредувањето. „Бев шокирана кога видов дека ова видео се појавува додека моето 2-годишно дете го гледа“. Хана го покажува клипот од невиниот син воз кој многу деца го обожаваат, а кој за неколку секунди од сладок станува злобен.
@beautyby_hannah.b I dont even have words for this 😤 Needless to say we are looking for a different subscription for Brody ro warch 😳😳😳😳 #parents #warning #youtube #youtubekids #fyp ♬ original sound – Hannah Bishop
Томи вози со песната: „I’m gonna CHUG. I’m gonna CHOO. I’m gonna KILL THE LOT OF YOU!” (Ќе брефтам, ќе правам чуф чуф, ќе убијам многу од вас – во слободен превод).
Додека Томи го кажува ова, неговите очи се претвораат од препознатливите црни во злобни црвени очи, а само тоа е доволно да предизвика кошмари кај мало дете кое треба да се опушти пред спиење. Мајката, очекувано, била шокирана и лута, исто како и многу од луѓето кои коментирале.
Ви се случило ли нешто слично?
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]