Кога баба се радува… Горда баба првпат шета со внукот во количка (ВИДЕО)

Хана Пеарл споделува слатки видеа од нејзиниот живот на Тик-Ток. Оваа млада мајка пред неколку месеци родила девојче и оттогаш на својот профил често објавува видеа од членовите на своето семејство со бебето.

Во ова видео, кое е прегледано повеќе од три милиони пати откако е објавено, Хана ја споделила првата прошетка на своите мајка и ќерка.

Бабата не можела, ниту се обидела да ја скрие возбудата, а со своето однесување ги воодушевила сите што го погледнале видеото.

Во коментарите имаше луѓе кои напишаа дека и тие сакаат нивните родители да имаат вакви радосни реакции.

@hannahpearlr

There was no way anyone else was pushing the buggy 💞 #proudnan #family #firsttimenan #newarrival #nan

♬ Unwritten – Natasha Bedingfield