Кога очувот ќе ја заслужи титулата тато, може да го добие и ова…

Кога го родила својот син на почетокот на мај, Кирсти Нелсон не размислувала долго како да го именува момчето.

Решила да му го даде името на нејзиниот очув, а кога му кажала и двајцата заплакале.

Новопечената мајка објави видео од трогателниот момент на Тик-Ток.

Нејзиниот очув ја посетил во болница, а кога Кирсти му рекла дека момчето ќе го носи неговото име, почнале да му течат солзи по лицето.
Видеото собра 21,7 милиони прегледи, а многумина веруваат дека тоа е прекрасен гест со кој младата мајка му се заблагодарила на својот очув за љубовта и поддршката што ѝ ги давал во животот.