Кога очувот ќе ја заслужи титулата тато, може да го добие и ова…

Откако го родила својот син, новопечената мајка го изненадила очувот со прекрасен гест

358

Кога го родила својот син на почетокот на мај, Кирсти Нелсон не размислувала долго како да го именува момчето.

Решила да му го даде името на нејзиниот очув, а кога му кажала и двајцата заплакале.

Новопечената мајка објави видео од трогателниот момент на Тик-Ток.

Нејзиниот очув ја посетил во болница, а кога Кирсти му рекла дека момчето ќе го носи неговото име, почнале да му течат солзи по лицето.
Видеото собра 21,7 милиони прегледи, а многумина веруваат дека тоа е прекрасен гест со кој младата мајка му се заблагодарила на својот очув за љубовта и поддршката што ѝ ги давал во животот.

Повеќе