Кога треба да го однесете вашето девојче на гинеколог? Не мора да чекате за прв преглед до првиот сексуален однос

Иако многу родители мислат дека првиот сексуален однос е моментот кога треба да ја однесат ќерката на гинеколог, експертите советуваат поинаку. Имено, Американското здружение на акушери и гинеколози препорачува девојчињата првпат да посетат гинеколог на возраст од 13 до 15 години.

Повеќето нема да имаат потреба да прават класичен гинеколошки преглед и ултразвук при оваа прва посета, туку гинекологот само ќе направи редовна здравствена проверка и ќе разговара со девојчето за нејзиниот развој.
Вашето девојче на тој начин ќе добие појасна слика за нејзините гениталии, нивниот изглед и положба, што исто така ќе ѝ олесни да го разбере нивното функционирање. Исто така, многу гинеколози ќе го користат првиот преглед за едукација за идните сексуални односи и можностите за заштита.

Со оглед на тоа што првата посета на гинеколог за многу девојчиња може да биде придружена со непријатност бидејќи треба да ги доверат информациите за сопственото тело, навиките, претходните болести и слично на непозната личност, експертите предупредуваат дека прво треба да разговарате со вашата ќерка за она што ја чека во ординацијата за да ѝ го олесните целиот процес.

гинекологдевојчепрв преглед