Студијата спроведена од Националната детска болница во Охајо покажала дека децата се попаметни колку повеќе родителите ги гушкаат. Детето кое често е гушкано е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, поинтелигентно, побрзо во расудувањето, подобро памети и знае како да се справи со различни животни предизвици.
Резултатите од споменатото истражување покажале и дека на децата им се потребни четири прегратки дневно за среќно детство, осум дневно за одржување на задоволството и 12 прегратки дневно за самодоверба и развој.
Важно е и времетраењето на прегратката. Имено, кога се гушкаме седум до дваесет секунди, се ослободува окситоцин, кој уште го нарекуваат и хормон на среќата.
Допирите и прегратките не само што го зголемуваат нивото на окситоцин, туку и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и го подобруваат имунолошкиот систем.