Колку прегратки му се потребни на детето за среќно детство?

Овој едноставен гест што родителите можат да го направат е всушност една од најважните работи за здравиот психофизички развој на детето. Станува збор за прегратка.

179

Студијата спроведена од Националната детска болница во Охајо покажала дека децата се попаметни колку повеќе родителите ги гушкаат. Детето кое често е гушкано е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, поинтелигентно, побрзо во расудувањето, подобро памети и знае како да се справи со различни животни предизвици.

Резултатите од споменатото истражување покажале и дека на децата им се потребни четири прегратки дневно за среќно детство, осум дневно за одржување на задоволството и 12 прегратки дневно за самодоверба и развој.

Важно е и времетраењето на прегратката. Имено, кога се гушкаме седум до дваесет секунди, се ослободува окситоцин, кој уште го нарекуваат и хормон на среќата.

Допирите и прегратките не само што го зголемуваат нивото на окситоцин, туку и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и го подобруваат имунолошкиот систем.

Повеќе