Контроверзното видео на кое една мајка го влече своето мало дете на поводник низ аеродром беше објавено на ТикТок и собра милиони прегледи и илјадници коментари.
„Тешко е да го напуштиш Канкун… Те разбирам пријателе“, пишува во описот на видеото во кое жена го влече својот син по подот со поводник врзан за неговиот ранец, кој очигледно одбива да оди. Три или четиригодишно момче целосно се опуштило и изгледа како да му е сосема сеедно што се случува. Случајните минувачи зачудено ја гледаат оваа необична глетка, а коментарите на социјалните мрежи се различни, некои ја сфаќаат мајката, а некои ѝ забележуваат за постапката.
„Како мајка се согласувам со ова“, „И јас ќе го направев тоа“, напишале оние кои ја поддржуваат постапката на мајката.
Се разбира, некои не се согласуваат. „Доколку моето дете одбие да оди, јас би го носела, не би го влечела по валканиот под“, „Кој би влечел дете без ниту еден минувач да му каже ништо“, велат оние кои не ја поддржуваат идејата.
Овие каишки за деца може да се закачат околу зглобот или на ранецот на детето, а идејата е да се спречи детето да заталка или да се изгуби. Употребата на каишки за деца е контроверзна тема – некои остро се противат, додека други се за нивна употреба.
Др. Бенџамин Хофман, претседател на Советот за превенција на повреди на Американската академија за педијатрија, не им препорачува на родителите да користат каишки. Сепак, нема пријавени случаи на повреди предизвикани од нивното носење.