Мајка го избриша аеродромскиот под со детето и ја подели онлајн заедницата

Мајка која го влече својот мал син на поводник низ аеродромот ги подели луѓето и предизвика дебата за нејзината постапка. Што мислите вие за ова?

324

Контроверзното видео на кое една мајка го влече своето мало дете на поводник низ аеродром беше објавено на ТикТок и собра милиони прегледи и илјадници коментари.

„Тешко е да го напуштиш Канкун… Те разбирам пријателе“, пишува во описот на видеото во кое жена го влече својот син по подот со поводник врзан за неговиот ранец, кој очигледно одбива да оди. Три или четиригодишно момче целосно се опуштило и изгледа како да му е сосема сеедно што се случува. Случајните минувачи зачудено ја гледаат оваа необична глетка, а коментарите на социјалните мрежи се различни, некои ја сфаќаат мајката, а некои ѝ забележуваат за постапката.

„Како мајка се согласувам со ова“, „И јас ќе го направев тоа“, напишале оние кои ја поддржуваат постапката на мајката.

Се разбира, некои не се согласуваат. „Доколку моето дете одбие да оди, јас би го носела, не би го влечела по валканиот под“, „Кој би влечел дете без ниту еден минувач да му каже ништо“, велат оние кои не ја поддржуваат идејата.

Овие каишки за деца може да се закачат околу зглобот или на ранецот на детето, а идејата е да се спречи детето да заталка или да се изгуби. Употребата на каишки за деца е контроверзна тема – некои остро се противат, додека други се за нивна употреба.

Др. Бенџамин Хофман, претседател на Советот за превенција на повреди на Американската академија за педијатрија, не им препорачува на родителите да користат каишки. Сепак, нема пријавени случаи на повреди предизвикани од нивното носење.

@cacadoodledoo83

Leaving Cancun is tough … I feel ya buddy!

♬ Manic Monday – The Bangles
Повеќе