Статистиката покажува дека најголемите светски лидери најчесто биле прво дете во семејството.
Ова говори, главно – за односот на родителите кон нивните најстари деца. Имено, првородените
„се капат“ во љубов од самото раѓање, а помалите честопати се чувствуваат осамено, запоставено и
со недостаток од внимание, па подоцна имаат потреба да се борат за своето место во околината и
општеството, објави „Крстарица“.
Како „најсакани“ во својот дом и со желбата за лидерство, највозрасното дете е силна личност, но
понекогаш станува и „авторитарен“ човек.
И средните деца, честопати, се амбициозни и имаат силна волја и ведар дух. Уште од детството,
постарите им помагаат во сѐ, поради што овие живеат удобно и во зрелоста. Исто така и тие
побрзо созреваат, но често и си поставуваат огромни задачи. Конкуренцијата ги тера средните деца
да бараат успех во оние области каде што постарото дете е послабо.
Најмалите деца, пак, се оние разгалените, па често остануваат зависни и слаби личности. Поради
ова, тие често се склони кон „авантури“ и опасни потфати, во стремежот да докажат колку се силни
и независни. А, другата крајност е „зачувување“ на првичната положба каде што секогаш ќе им
биде потребна помош.