Највозрасното дете во семејството е „роден лидер“ во животот

Редоследот на раѓање кај децата влијае на тоа како тие гледаат на светот, како се однесуваат и какви желби и стремежи ќе имаат во животот.

120

Статистиката покажува дека најголемите светски лидери најчесто биле прво дете во семејството.

Ова говори, главно – за односот на родителите кон нивните најстари деца. Имено, првородените

„се капат“ во љубов од самото раѓање, а помалите честопати се чувствуваат осамено, запоставено и

со недостаток од внимание, па подоцна имаат потреба да се борат за своето место во околината и

општеството, објави „Крстарица“.

Како „најсакани“ во својот дом и со желбата за лидерство, највозрасното дете е силна личност, но

понекогаш станува и „авторитарен“ човек.

И средните деца, честопати, се амбициозни и имаат силна волја и ведар дух. Уште од детството,

постарите им помагаат во сѐ, поради што овие живеат удобно и во зрелоста. Исто така и тие

побрзо созреваат, но често и си поставуваат огромни задачи. Конкуренцијата ги тера средните деца

да бараат успех во оние области каде што постарото дете е послабо.

Најмалите деца, пак, се оние разгалените, па често остануваат зависни и слаби личности. Поради

ова, тие често се склони кон „авантури“ и опасни потфати, во стремежот да докажат колку се силни

и независни. А, другата крајност е „зачувување“ на првичната положба каде што секогаш ќе им

биде потребна помош.

Повеќе