Наставничка спасила дете од задушување

Наставничка од Њу Џерси, САД, успеала да спаси третоодделенец – ученик од нејзиниот клас, кој се задушувал со капаче од шише. Ученикот се обидел да го отвори шишето со забите, а потоа почнал да се задушува од капачето. Веднаш се упатил кон наставничката сигнализирајќи ѝ дека не може да дише. Таа била обучена да дава прва помош и веднаш го применила Хајмлиховиот зафат.

„Не размислував многу, веднаш реагирав за да му помогнам. Лицето му помодруваше и имаше очајнички израз“, истакнала наставничката.