Научниците предупредуваат дека аутизмот кај децата премногу често погрешно се дијагностицира

Авторите на неодамна објавената научна студија предупредуваат дека аутизмот кај децата премногу често се погрешно дијагностицира, што ги одвлекува ресурсите од оние на кои им е поддршката најпотребна.

– Аутизмот кај децата може премногу често погрешно да се дијагностицира, а погрешното припишување на оваа состојба на анксиозните деца може да има штетни последици – предупредуваат истражувачите, објавувa британскиот Тајмс.

Експертите велат дека необичните однесувања како што се тешкотии во одржувањето контакт со очите или одењето на прсти или на предниот дел од стапалата, кои често се сметаат за знаци на аутизам кај децата, не укажуваат секогаш на развојно нарушување.

– Погрешната дијагноза на аутизам ги остава најранливите, оние кои не можат да се грижат за себе и нивните исцрпени семејства кои постојано се грижат за своите деца, без поддршка – се вели во студијата.

Истражувачите Лестер Лиао, педијатар во Детската болница во Монтреал во Канада, и Ерик Фомбон, директор на одделот за истражување на аутизмот на Универзитетот за здравство и наука „Орегон“ во Портланд, ги довеле во прашање методите за дијагностицирање на нарушувањето, наведувајќи студија која открила дека речиси половина од децата со дијагностициран аутизам не ги исполнуваат критериумите за таа дијагноза после вториот специјалистички преглед.

аутизам