Многу родители се трудат да го заштитат своето дете од штетните УВ зраци на сите можни начини во периодот на високи температури и интензивни горештини. И додека употребата на капчиња и креми за сончање се смета за одлично решение, постојат и помалку препорачани решенија кои всушност можат да бидат исклучително опасни за животот на детето.
Иако сите знаеме дека останувањето под сенка и надвор од директна сончева светлина е важно, експертката за безбедност на децата Кирсти Кетли нагласува дека многу родители за да ги заштитат децата од сонцето, ја покриваат количката, што воопшто не се препорачува.
„Никогаш не ја покривајте количката со ќебенце, покривка од муслин или каков било вид на покривка. Имено, тоа може да предизвика значително зголемување на температурата во количката, што претставува голем ризик од прегревање, па дури и задушување“, објаснува таа.