Никогаш не ја покривајте количката на бебето! Експерт за безбедност на деца објаснува зошто

Иако сите знаеме дека останувањето под сенка и надвор од директна сончева светлина е важно кога сме надвор, експертката за безбедност на децата Кирсти Кетли нагласува дека многу родители за да ги заштитат децата од сонцето, ја покриваат количката, што воопшто не се препорачува.

150

Многу родители се трудат да го заштитат своето дете од штетните УВ зраци на сите можни начини во периодот на високи температури и интензивни горештини. И додека употребата на капчиња и креми за сончање се смета за одлично решение, постојат и помалку препорачани решенија кои всушност можат да бидат исклучително опасни за животот на детето.
Иако сите знаеме дека останувањето под сенка и надвор од директна сончева светлина е важно, експертката за безбедност на децата Кирсти Кетли нагласува дека многу родители за да ги заштитат децата од сонцето, ја покриваат количката, што воопшто не се препорачува.

„Никогаш не ја покривајте количката со ќебенце, покривка од муслин или каков било вид на покривка. Имено, тоа може да предизвика значително зголемување на температурата во количката, што претставува голем ризик од прегревање, па дури и задушување“, објаснува таа.

Повеќе