Акушерката Триш Веар објави неверојатно видео во кое покажа низ што поминува телото за време на царски рез.
„Вашето патување е неверојатно“, вели таа во видеото во кое покажува неколку квадрати од филц кои ги претставуваат слоевите на стомакот што лекарите треба да ги исечат за да дојдат до бебето.
Веар покажува дека лекарите прво ја сечат кожата, а потоа слој од масти и фасција, сврзното ткиво што ги опкружува органите, за да стигнат до мускулите. Потоа, според Веар, се прави вертикален засек низ мускулите и перитонеумот, мембраната што ја формира обвивката на абдоминалната празнина, која лежи на врвот од меурот. Конечно, се прави хоризонтален засек во матката за да се стигне до амнионската кеса во која се наоѓа бебето. Кога таа ќе пукне, се раѓа бебето.
„Царскиот рез е сериозна абдоминална операција“, додава Веар, јасно покажувајќи го тоа со овој приказ на комплицираната процедура.
Процедурата што вие или лекарите ја избирате за породување зависи од многу фактори, но најважно е што е тоа што е најбезбедно за вас и за вашето бебе.