Оценките не се мерило за вредноста на ниту еден ученик

Некои од најинтелигентните луѓе, мажи и жени, за кои знаеме дека не биле најдобри ученици, не ги добивале сите петки, не ги правеле тестовите со максимални поени – напротив, добивале полоши оценки и не биле никаков пример… Подоцна во животот станале успешни претприемачи, градежници, трговци и лошите оценки во училиште не ги спречиле да ја постигнат својата цел и да се истакнат во она што го работат.

На пример, Ајнштајн бил исфрлен од средно училиште. Еден од најголемите светски сликари, Салвадор Дали, не толерирал авторитетите и не дозволувал никој да ги оценува неговите дела.

На училиште, Џон Ленон се сметал за кловн, безнадежен случај и лош пример за другите ученици. Стивен Хокинг, генијален физичар, бил еден од најлошите ученици во училиштето и ништо не го интересирало освен два или три предмети, меѓу кои била и физиката, која опсесивно ја сакал.

Затоа, да им помогнеме на децата да престанат да веруваат дека оценките ја одредуваат нивната вредност. Да им помогнеме да научат да не доживуваат стрес ако не добијат петка. Тие можат да паднат на секој тест, а тоа не значи дека не се паметни или дека се помалку вредни.

Во секое дете постои никулец на величественост што често е задушен од лошиот образовен систем и погрешното воспитување, пишува порталот за едукација https://www.pcskolarac.info/.

Дали се согласувате со ова?

Текстот е од ТУКА.