Лана Клеј-Монаган од Калифорнија на 26 март отишла во шопинг за летна облека за нејзините 8-месечни близнаци и не можела ниту да претпостави дека шопингот ќе заврши со хоспитализација. Додека разгледувала наеднаш пред нејзините очи се стемнило. Нешто ѝ паднало на главата и таа почнала да вреска, но не можела да дојде до воздух, ниту да го тргне предметот од главата.
Подоцна властите го идентификувале предметот како кофа, но Клеј-Монаган била толку исплашена што почнала да мафта со рацете во обид да се ослободи бидејќи немала поим што се случува.
„Успеав да ја симнам кофата од глава. Пред мене стоеја неколку момци со мобилни телефони во рацете. Ме снимаа и се смееја. Се обидов да кажам нешто, но зборовите не ми излегуваа од уста. “, изјавила таа за Today.
Клеј-Монаган се обидела да предупреди дека има епилепсија, а потоа паднала на подот.
Според полицискиот извештај, четворица малолетници влегле во продавницата околу 14 часот и 45 минути и се шетале пред еден од нив да стави кофа на главата на случаен минувач.
„Како резултат на инцидентот, купувачот се онесвестил и бил пренесен во локална болница. Малолетниците веројатно се обидувале да го реплицираат актуелниот тренд на социјалните мрежи наречен „Bucket Challenge“, во кој се става кофа на главата на непознат човек и се снима неговата реакција“, соопштила полициската управа Тустин.
Клеј-Монаган вели дека кога се разбудила во болница ѝ рекле дека била жртва на напад. Утврдено е дека таа се онесвестила поради проблеми со срцето.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]