Навикнати сме да гледаме убави детски градинки, но обично станува збор за далечни земји. Овојпат вниманието ни го привлече градинката која е прогласена за најубава градинка во Хрватска. Имено, откако порталот Gradonačelnik.hr го објавил конкурсот за најубава градинка во Хрватска, на градинката Бамби која се наоѓа во општина Андријашевци, во Славонија, не ѝ требало многу за да се позиционира на првото место.
Градинката е полна со содржини, па дури има и базен. Освен што воодушевила многу родители, ги заинтригирала и воспитувачите, па некои веднаш ја искористиле можноста да се распрашаат и за вработување.
Месечната цена за престој во оваа градинка е 91 евро за прво дете, додека за второто дете цената е за 30 отсто помала, а третото и секое наредно дете добива попуст од 70 отсто.
[…] Галеријата со фотографии ќе ја најдете ТУКА. […]