Ова е најубавата градинка во Хрватска: Рај за деца со базен, за 90 евра месечно

Оваа градинка од општината Андријашевци во Славонија, е прогласена за најубава во Хрватска, а кога ќе ги видите фотографиите и цената од 91 евро за прво дете и попуст за секое следно, ќе сфатите дека и не е толку скапа

458

Навикнати сме да гледаме убави детски градинки, но обично станува збор за далечни земји. Овојпат вниманието ни го привлече градинката која е прогласена за најубава градинка во Хрватска. Имено, откако порталот Gradonačelnik.hr го објавил конкурсот за најубава градинка во Хрватска, на градинката Бамби која се наоѓа во општина Андријашевци, во Славонија, не ѝ требало многу за да се позиционира на првото место.

Градинката е полна со содржини, па дури има и базен. Освен што воодушевила многу родители, ги заинтригирала и воспитувачите, па некои веднаш ја искористиле можноста да се распрашаат и за вработување.

Месечната цена за престој во оваа градинка е 91 евро за прво дете, додека за второто дете цената е за 30 отсто помала, а третото и секое наредно дете добива попуст од 70 отсто.

Повеќе