Подновете се со нешто старо: Најголем базар за производи од втора рака

Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од
страна на посетителите.

Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и за животната средина.

„На 8. јуни од 11 до 15 часот во Јавна Соба ќе се оддржи третиот по ред базар, досега
најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други производи „од втора
рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.
„Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење во Јавна Соба оваа сабота, во забавна,
опуштена и пријателска атмосфера.

Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните трговски центри“, велат организаторите.
Влезот за посетителите е слободен!