Подновете се со нешто старо: Најголем базар за производи од втора рака

Во Јавна соба, оваа сабота (8 јуни) ќе се одржи третиот по ред базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други прозиводи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.

197

Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од
страна на посетителите.

Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и за животната средина.

„На 8. јуни од 11 до 15 часот во Јавна Соба ќе се оддржи третиот по ред базар, досега
најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други производи „од втора
рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.
„Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење во Јавна Соба оваа сабота, во забавна,
опуштена и пријателска атмосфера.

Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните трговски центри“, велат организаторите.
Влезот за посетителите е слободен!

Повеќе