Начинот на кој во семејството се изразуваат чувствата, се зборува за нив и се реагира на нив, е клучен за емоционалното здравје на следната генерација.
Кога ќе станеме родители, моделот што сме го имале во нашето семејство влијае на оној што го поставуваме во нашето.
Збирот на организирани мисли и чувства на родителите, за сопствените и чувствата на нивното дете, е она што психолозите го нарекуваат „метаемотивна филозофија“. Во голема мера влијае на родителството и развојот на детето.
Нашите рани искуства се вградени во начинот на кој се чувствуваме во врска со нашите емоии и влијаат на нашата способност да формираме здрави односи со другите.
Родителите кои научиле да ги препознаваат и прифаќаат нивните чувства, на пример дека е „во ред да се биде тажен“ се добри во она што психолозите го нарекуваат „тренинг за емоции“ кај нивните деца. Овие родители исто така се свесни за емоциите со помал интензитет кај нивните деца, а изразувањето на емоциите кај децата го доживуваат како можност за поврзување и учење за емоциите.
Родителите кои научиле да ги игнорираат или негираат чувствата, развиле тенденција да ги отфрлаат чувствата на своите деца и да ги учат своите деца на тоа. Избегнуваат непријатни чувства како тага и гнев, а сакаат и нивните деца да го прават истото, испраќајќи им пораки како „Престани да плачеш“.
Развивањето на способноста да се биде свесен за емоциите, да се разберат и да се умеат да се регулираат е важен дел од развојот на децата. Родителите кои се вешти за емоционално тренирање имаат деца кои се поуспешни во емоционалната регулација, кои подобро го контролираат своето однесување и имаат поразвиени социјални вештини.
Како да ги научиме родителите да ги разберат своите „чувства за чувствата“ и да ги подобрат условите за здрав емотивен развој на нивните деца? Преку програми, родителите учат за детските чувства и детскиот развој, од кои многу се веќе имплементирани. Австралиската програма за усогласување со децата ги учи родителите како да станат емотивни тренери, да се поврзат со своите деца, да ги именуваат и да ги потврдат чувствата на нивните деца и да им помогнат да ги решат проблемите.
Студијата објавена во списанието Clinical Psychology Review покажа дека таквите програми се ефикасни во подобрувањето на способноста на родителите да го поттикнуваат емоционалниот развој на своето дете, особено кај децата кои имаат потешкотии во менталното здравје и нарушувања на невро-развојот, како што е АДХД. Научниците, исто така, истакнуваат дека има потреба од програми кои ќе бидат насочени кон некои особено ранливи возрасти и дека работата со родители на деца под две години може да спречи многу долгорочни емоционални проблеми и проблеми во однесувањето.
[…] Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“. […]