Психолозите открија кои однесувања кај децата родителите не треба да ги игнорираат

Како што објаснуваат психолозите, сосема е нормално детето одвреме-навреме да има изливи на бес или да се однесува на малку необичен начин. Меѓутоа, ако проблемите во однесувањето станат премногу чести и стануваат навика за детето, родителите можеби би требало да побараат стручна помош.

Имено, одредени типови на однесување може да укажуваат на тоа дека детето може да има проблем со емоционалното, бихејвиоралното или менталното здравје, поради што е важно да се реагира навреме кога тие ќе се појават. Овие типови на однесување го вклучуваат следново:

постојани проблеми со однесувањето во градинка, на училиште или дома
хиперактивност
чести и необјасниви изливи на гнев
необични стравови или грижи
тешкотии со учество во активности кои се нормални за возраста на детето
чести тешкотии со концентрација, внимание или меморија
избегнување пријатели или активности во кои детето претходно уживало
постојан недостаток на енергија, дури и после одмор
тешкотија со одењето на спиење, со останувањето во сон или со будењето
долгорочно негативно расположение и став
неможност да се справи со проблемите
постојани кошмари
значителни промени во однесувањето во краток временски период.
Сепак, психолозите предупредуваат и дека споменатите симптоми може да се појават и поради големи промени во животот на детето, вклучувајќи болест, смрт во семејството, развод на родители, промена на училиште или преселба во нов град или населба и како такви, во повеќето случаи, се минливи.

проблеми во однесувањетопсихологтантруми