Гинеколошко-акушерската клиника на Универзитетскиот клинички центар во Ниш им одобрило на идните татковци да присуствуваат на породувањето и воведе можност родилките да користат гас азотен оксидул, кој се користи во породилиштата низ светот.
За да бидат присутни на породувањето идните татковци треба да достават потврда од Здравствен дом за завршено родителско училиште и потврда за уреден брис од грло и од нос.
Одлуката е донесена врз основа на препорака на Министерството за здравство и како признание дека се постигнати епидемиолошките услови, односно се намалува опасноста од ширење на корона вирусот, соопштиле од Клиниката.
„Без разлика на дозволата за присуство, лекарите ќе имаат обврска да го отстранат брачниот другар од родилната сала доколку неговото однесување и присуство ја загрозува работата на лекарскиот тим и на тој начин му наштети на самото породување“, се наведува во соопштението.
Се додава дека новина во работата на Клиниката за гинекологија е и тоа што секоја жена која нема примено епидурална или спинална анестезија може по свое барање да вдишува азотен оксидул и со тоа да ја намали болката, стравот и непријатноста при породување.
Гас азотен оксидул – „гас за смеење“ се користи во породилиштата ширум светот, а родилиштето во Ниш го вовело прво во соседна Србија.