Дваесетишестгодишна девојка од Флорида го нашла својот свадбен фустан во Гудвил и платила за него само 3 долари.
И тоа не е сè. Таа нашла и втора венчаница од 5 долари што ја носела на приемот после свадбената церемонија.
Инаку, просечната цена на венчаница во САД е 1.631 долари, но цените може да се движат од 500 до 25.000 долари или повеќе, во зависност од дизајнерот.
Видеата со венчаниците на Рејчел имаа вкупно речиси 1,5 милиони прегледи, а обожавателите инсистираат на тоа дека таа изгледала исто како војвотката од Сасекс на нејзиниот голем ден.
Фустаните на штедливата невеста се купени во продавница за користена облека и од оваа млада жена направија вистински светски хит на социјалните мрежи, но и во медиумите.