Штедлива невеста стана светски хит во венчаница од 3 долари (ВИДЕО)

Рејчел Конели (26) од Флорида, на ТикТок ја покажа својата свилена венчаница што ја носеше на нејзината свадбена церемонија, а во која изгледа како војвотката од Сасекс на нејзиниот голем ден

1.737

Дваесетишестгодишна девојка од Флорида го нашла својот свадбен фустан во Гудвил и платила за него само 3 долари.

И тоа не е сè. Таа нашла и втора венчаница од 5 долари што ја носела на приемот после свадбената церемонија.

@rachelconnealy

Reply to @lacuele I thrifted this silk dress right after we got engaged and still wore it for the ceremony ❤️ #weddingdress

♬ original sound – Liah_19 – Liah_19

Инаку, просечната цена на венчаница во САД е 1.631 долари, но цените може да се движат од 500 до 25.000 долари или повеќе, во зависност од дизајнерот.

Видеата со венчаниците на Рејчел имаа вкупно речиси 1,5 милиони прегледи, а обожавателите инсистираат на тоа дека таа изгледала исто како војвотката од Сасекс на нејзиниот голем ден.

Фустаните на штедливата невеста се купени во продавница за користена облека и од оваа млада жена направија вистински светски хит на социјалните мрежи, но и во медиумите.

@rachelconnealy

you never know what you’ll find at the thrift 2 weeks before your wedding #weddingdress

♬ original sound – Liah_19 – Liah_19
Повеќе