Со колку години се станува возрасен? Не, не е со 18

На колку години се станува возрасен човек? Не на 18, веднаш да расчистиме. Професорот Питер Џонс од Кембриџ вели дека преминот од детството во зрелоста е многу понијансиран отколку што мислиме.

Тој прецизира дека не постои точна возраст кога некој ќе стане возрасен, туку дека тоа е процес кој трае 30 години.

Тоа е докажано на многу начини, па дури и преку анализа на развојот на мозокот, поточно префронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за социјалните интеракции, регулирањето на емоциите, контролата на импулсивно однесување и проценката на ризикот кој не престанува на возраст од 18 години. Неговиот раст запира дури на 25-годишна возраст.

Исто така, тука се и факторите на психолошкиот развој, кои се уште покомплексни.