Со колку години се станува возрасен? Не, не е со 18

Професорот Питер Џонс од Кембриџ прецизира дека не постои точна возраст кога некој ќе стане возрасен, туку дека тоа е процес кој трае 30 години.

234

На колку години се станува возрасен човек? Не на 18, веднаш да расчистиме. Професорот Питер Џонс од Кембриџ вели дека преминот од детството во зрелоста е многу понијансиран отколку што мислиме.

Тој прецизира дека не постои точна возраст кога некој ќе стане возрасен, туку дека тоа е процес кој трае 30 години.

Тоа е докажано на многу начини, па дури и преку анализа на развојот на мозокот, поточно префронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за социјалните интеракции, регулирањето на емоциите, контролата на импулсивно однесување и проценката на ризикот кој не престанува на возраст од 18 години. Неговиот раст запира дури на 25-годишна возраст.

Исто така, тука се и факторите на психолошкиот развој, кои се уште покомплексни.

Повеќе