Смирувањето на бебето што плаче понекогаш е тешка задача. Малите бебиња не нè разбираат и не можат да кажат што им пречи, што ја отежнува комуникацијата па сè се сведува на нашето давање нежност и поддршка на бебето со допири и смирувачки тонови, но често и тоа не помага.
Доколку се задоволат сите потреби на бебето, а тоа сè уште плаче, работата на родителот е комплицирана. Затоа, едно видео кое се појави на интернет добро им дојде како идеја на сите збунети и изгубени родители и не е ни чудо што многу брзо стана вирално.
Во видеото на ТикТок, Џонатан, кој себеси се нарекува „Tuque Daddy“, покажува како со едната рака го држи својот 2-месечен син, а со другата ги обвива неговите мали рачиња околу неговото тело како „самопрегратката“. Потоа со едната рака го држи бебето за рацете и торзото, а со другата го држи под пелената. Нежно го ниша во оваа поза и бебето се смирува по 18 секунди.
Во коментарите има и такви кои се осврнаа на плачот што му претходеше, за кој рекоа дека е неподнослив, па се восхитуваат на смиреноста на таткото при изведувањето на техниката, а други ги коментираа исклучиво резултатите, пофалувајќи го таткото за идејата.
Наводно, се работи за легитимна техника на калифорнискиот педијатар др. Роберт Хамилтон, кој зад себе има преку 30 години практично искуство и прв го објавил на Јутјуб и собрал повеќе од 53 милиони прегледи.