Зошто воспитувањето „добро девојче“ е една од круцијалните грешки што може да ги направи еден родител

Се разбира, намерата на повеќето родители од самиот почеток на животот на нивните деца, девојчиња или момчиња, е да ги воспитаат во пристојни луѓе, кои ќе ги почитуваат другите, но ќе знаат и да застанат во своја одбрана. Но, што е со родителите чие воспитување на женските деца особено оди во насока на ‘идеално девојче’. Беспрекорно учтиви и пристојни луѓе, кои не смеат да направат ниту една грешка ниту да се дружат со за нив „погрешни луѓе“. Таквото воспитување понекогаш може да има спротивен ефект, па дури и штетни резултати, пренесува Bright Side.

Градењето трајни врски може да ѝ претставува проблем
Секој сака грижлив пријател. Оној на кој можат да му се обратат кога имаат потреба и на кого можат да сметаат. Меѓутоа, ако сте премногу фокусирани да ги задоволите другите луѓе, да бидете секогаш тука за нив и да „скокате“ на нивниот прв повик или порака, големи се шансите вашите пријатели да „трчаат“ кај вас само кога ќе им треба помош. Затоа, ако го воспитувате вашето девојче во такво светло, може да му се случи истото. Ова е причината зошто повеќето врски, без разлика дали се пријателски или романтични, стануваат лажни и еднонасочни.

Луѓето можеби нема да ѝ веруваат
Бидејќи можете да го воспитувате вашето девојче да биде несебично, луѓето може да почнат да ја гледаат со сомнеж. Ова често се случува во денешниот свет затоа што другите луѓе понекогаш мислат дека зад нејзината автоматска добрина се крие некоја друга задна намера. Не само што поради тоа ќе ја третираат со сомнеж, туку може да ја сметаат и за „слаб карактер“ затоа што секогаш е послушна кон другите и нема свој глас.

Нема да има премногу време за себе
Постои една изрека која вели дека за да им помогнете на другите, прво треба да знаете како да си помогнете себеси. Работата за „премногу добро“ воспитаните луѓе, особено девојчињата, е тоа што тие често ги ставаат другите луѓе и нивните грижи пред нивните. Затоа, ако ја воспитувате како совршена девојка, несебична личност, таа ќе продолжи да ги прави овие напори во иднина и речиси секогаш ќе се труди да им угодува на другите. Затоа, таа нема да има време да биде љубезна кон себе и постои голема веројатност своите потреби и желби да ги стави на чекање и на страна.

Ќе може лесно да се манипулира со неа
Бидејќи е претерано сочувствителна и грижлива кон сите, вашата ќерка може да стане наивна и да не забележува штетни ситуации и несоодветни околности за неа. Ова им дава можност на другите луѓе да ја контролираат, односно да ја искористат нејзината добрина и љубезно срце. Постојаната желба да им се допадне на другите и да биде учтива, исто така може да ја доведе во опасност да биде злоупотребена или да ѝ биде тешко да каже „не“ на она што некој ѝ го нуди.

Постојат и опасности од проблеми со менталното здравје
Чинот на постојано давање на себеси може да се покаже како исцрпувачки. Човек може да го скрие својот умор и тага зад насмевката, но тоа што ќе ги задоволи другите и не добива ништо за возврат, на крајот ќе влијае на неговото ментално здравје. Но, во страв од признавање, може да ги задржи сите свои емоции во себе, а тоа може да резултира со анксиозност, депресија или други видови на зависност како прејадување.

воспитувањедобро девојче