Многу родители денес се мачат со истите стравови во врска со одгледувањето на своите деца, а Хејли Бибер е една од нив. Во интервју за пролетното издание на списанието Interview, 29-годишната основачка на брендот Rhode ги сподели своите грижи за одгледувањето на својот 19-месечен син Џек Блус во свет кој изгледа сè потемен. Моделот, кој има син со сопругот Џастин Бибер, исто така откри дека се надева дека ќе го прошири своето семејство.
Стравови што ги мачат многу родители
Кога ја прашале дали се грижи за светот во кој ќе расте нејзиниот син, моделот признала дека тоа ја загрижува секој ден.
– Тоа е веројатно мојот најголем страв откако станав мајка. Светот во кој расте е навистина застрашувачки и ме обзема тешко чувство кога ќе помислам на иднината и на тоа каква е состојбата во светот. Но, морам едноставно да верувам. Можам само да се надевам дека ќе порасне во дом полн со љубов и топлина – рекла таа.
„Сакам повеќе од едно дете“
Во истото интервју, Хејли открила дека дефинитивно сака да го прошири своето семејство.
– Дефинитивно сакам повеќе од едно дете, но одам чекор по чекор. Понекогаш сакам две деца, понекогаш сакам пет – додала таа, истакнувајќи дека сонувала за брак, деца и семејство уште од мала.