Зошто е корисно да имате џандрлива жена?

Неодамнешно истражување открило дека мажите кои се во „лош брак“ имаат помал ризик од дијабетес во споредба со мажите кои се во среќен брак.

Социолози од Државниот универзитет во Мичиген и Универзитетот во Чикаго ги претставиле резултатите од две големи истражувања спроведени меѓу нешто постари брачни парови. Во анкетите учествувале дури 1.228 парови – мажи и жени на возраст од 57 до 84 години – кои на прашањата одговарале двапати, во 2005 и во 2010 година. Во двата наврати на учесниците им биле поставувани прашања за нивниот брак и односот со сопружникот, а биле земени и лабораториски примероци.

Истражувањето открило дека мажите кои се во „лош брак“ имаат помал ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со мажите кои се во среќен брак. Истражувачите дури утврдиле дека мажите кои пет години по првото тестирање изјавиле дека нивниот брак се влошил и дека сопругите често им приговараат, исто така имале многу низок ризик од дијабетес тип 2.

Понекогаш приговарањето е корисно

При анализата на добиените податоци, истражувачите утврдиле како добриот, односно лошиот брак влијае врз здравјето на сопружниците и врз ризикот од развој на дијабетес. Жените кои пет години по првото тестирање изјавиле дека се наоѓаат во подобар брак имале помал ризик од дијабетес тип 2.

Она што е необично и интересно е дека кај мажите се случило спротивното. Мажите кои пет години по првото тестирање изјавиле дека нивниот брак се влошил и дека сопругите често им приговараат, исто така имале многу мал ризик од дијабетес тип 2, покажало националното истражување предводено од социолози од Државниот универзитет во Мичиген.

– Студијата ја оспорува традиционалната претпоставка дека негативниот квалитет на бракот секогаш му штети на здравјето – изјавила Хуи Лиу, вонредна професорка по социологија на Државниот универзитет во Мичиген и главна истражувачка.

– Значи, понекогаш приговарањето е корисно.

Дијабетесот е седна водечка причина за смрт во САД

Дијабетесот е седма водечка причина за смрт во Соединетите Американски Држави. Во 2012 година, повеќе од 29 милиони Американци имале дијабетес, односно 9,3 отсто од населението.

Овој податок ги збунил истражувачите, кои не биле сосема сигурни зошто ризикот од дијабетес различно се поврзува со квалитетот на бракот кај мажите и кај жените. Лиу открила сличен феномен и кога станува збор за кардиоваскуларниот систем.

Дополнително, истражување од 2011 година, во кое биле анализирани 90 студии за бракот и здравјето, покажало дека слободните мажи и жени во просек имаат пократок животен век од луѓето кои се во брак.