На Тик Ток хараат предатори: Заштитете ги своите ќерки

Родителите се предупредени да внимаваат на своите ќерки. Имено, на ТикТок постојат голем број предатори кои трагаат по девојчиња и девојки кои позираат во училишни униформи, пишува Sunday Mirror.

Предаторите контактирале бројни тинејџерки со приватни пораки и ги замолиле да им ги испратат своите видеа, пренесуваат медиумите. Една 15-годишна девојка објавила видео на кое танцува во училишна униформа, додека друга добила низа пораки во кои ѝ кажувале дека е „секси“.

Во делот за коментари до видеото на една ученичка, има барање од анонимен маж да стави камера во својата соба.

„Ова е јасен ризик од злоупотреба на деца. Случаите на онлајн злоупотреба се на рекордно високо ниво, а девојчињата се жртви во повеќе од 80 проценти од случаите“, вели Хана Рушен од Националното здружение за спречување на суровоста кон децата во Велика Британија.

ТикТок ги отстрани сите непристојни видеа, како и оние профили преку кои имало несоодветна интеракција.

„Постапуваме по секоја пријава која предупредува на кршење на нашите безбедносни правила“, порачале од TikTok.

предаториТикТокученичкишколска униформа