Татко потпиша договор со ќерката: Нема момчиња до 2041. година (ВИДЕО)

Тиктокерот Манел Мореира „потпиша договор“ со својата ќерка. На девојчето му дава празен лист хартија и молив, а пред нив има бела маица на која со големи букви пишува: „Нема момчиња до 2041. година“.

„Договорот е потпишан, потврдено е“, вели Мореира. Видеото стана вирално и собра речиси 20 милиони прегледи, но некои ја критикуваат идејата.

„Никогаш не сум видел мажи да го прават тоа со своите синови или да ставаат ограничувања кога можат да почнат да излегуваат“, вели една личност.

Активистката за родова еднаквост пак, Џина Мартин, смета дека видеото јасно го поддржува обичајот татковците да не им дозволуваат на своите ќерки да излегуваат. Во објава на Инстаграм таа вели дека ѝ е доста од тоа „да гледа такви работи на ТикТок“.

видеодоговормомчињаТик Токќерка