12-годишно девојче се жали дека родителите не се фер: Ѝ го одземаат телефонот пред полноќ!

Еден татко ја споделил својата приказна за неговата 12-годишна ќерка на популарен подфорум на Reddit – наречен „Дали сум кретен“ – и побарал совет. Станува звор за тоа што девојчето се пожалило поради времето за спиење и исклучувањето на уредите во 23 и 30 часот за време на летните празници. Што мислите вие за ова?

72

Знаеме дека децата не се согласуваат секогаш со нашите одлуки и со нашите граници. Сепак, тоа не значи дека мора да им се прилагодиме и да ги организираме работите така што целосно ќе им одговараат.

Знаеме дека границите мора да постојат, знаеме дека тоа е добро и корисно за нашите деца, знаеме дека како родители имаме сосема поинаква перспектива, што ни овозможува да ги видиме и да ги знаеме последиците од одредени дејствија – што не е лесно или можно да го видат и децата. Затоа, без разлика колку протестираат поради тоа, ние сме тие што ги поставуваме правилата и границите. И токму кога децата мислат дека сме неправедни и дека сме против нив – понекогаш токму тоа значи дека е најдобро за нив.

Сепак, факт е дека тие ќе протестираат, ќе прашуваат, ќе тестираат и дека ние мора да останеме упорни. Еден татко ја споделил својата приказна за неговата 12-годишна ќерка на популарен подфорум на Reddit – наречен „Дали сум кретен“ – и побарал совет. Станува звор за тоа што девојчето се пожалило поради времето за спиење и исклучувањето на уредите во 23 и 30 часот за време на летните празници.

Хмм, дали претеруваме ако мислиме дека ова не само што е повеќе од доволно, туку е и претерано долго? Таткото истакнал дека ги програмирале нејзините уреди да почнат да се исклучуваат околу 22:30 часот, прво нејзиниот iPhone, потоа iPad, конзоли и компјутер, и на крај телевизорот. Сите уреди се исклучуваат до 23:30 часот, а времето за спиење е на полноќ.

„Мислам дека ова е повеќе од разумно за дете на нејзина возраст, особено во текот на летото“, напишал таткото.

Што мислите вие? Сепак, детето не било задоволно со овој аранжман и неодамна имало „напад на бес“, кажувајќи им на родителите дека се „зли“ и „нефер“, особено затоа што било лето. Таткото напишал дека нивната ќерка почнала да плаче и им рекла дека „не е фер затоа што „буквално СИТЕ“ нејзини пријатели остануваат до доцна“ и дека немаат одредено време за спиење.

„Се обидов да останам смирен и само да ја оставам да се издува“, рекол таткото. „Не сакам да останува до доцна бидејќи тоа е само проблем, особено кога е онлајн во тоа време, а не сакам да го преспие летото бидејќи е будна цела ноќ.“

Таткото вели дека неговата сопруга предложила да направат компромис со своето дете, што ги натерало да се обратат на интернет за совет. Некои коментатори застанале на страната на родителите, забележувајќи дека нивните правила се сосема во ред.

Едно лице коментирало: „На 12-годишно дете не може да му се верува дека ќе биде дисциплинирано и дека ќе го регулира своето време за спиење. Полноќ е веќе исклучително дарежливо време за спиење.“

Друго се вклучил, велејќи дека родителот „одредил време за спиење и време соодветно за развојот“. Тие додале дека полноќ е повеќе од разумно време во текот на летото.

Некои дури и изразиле мислење дека е предоцна.

„Мислев дека ќе кажеш дека ја тераш да си легне во 19 часот. Нема уреди по 22 и 30 часот – тоа е повеќе од разумно за 12-годишно дете.“

Што мислите вие?

Повеќе