Кажи гу-гу! Што откриле научниците кога го дешифрирале говорот на бебињата?

Говорот на бебето, односно гугањето е многу повеќе од она што нам ни се чини

2.712

Кога бебињата гугаат, можеби им кажуваат на родителите како да разговараат со нив.

Иако научниците веќе знаат дека разговорот со бебињата им помага да научат да зборуваат, се чини дека тој што учи всушност го има главниот збор.

Новото истражување открива дека кога бебињата „зборуваат“, тие можат да го променат начинот на кој родителите комуницираат со нив за да го максимизираат својот потенцијал за учење. Во основа, тие се бебиња-шефови, но на најдобар можен начин.

„Бебињата всушност го обликуваат своето опкружување за учење на начини кои го олеснуваат учењето“, вели коавторот на студијата Стивен Елмлингер, дипломиран студент по психологија на Универзитетот Корнел.

Добро е документирано дека кога родителите користат „бебешки разговор“, бебињата полесно учат.

Пократките реченици, поедноставните зборови и побавните зборови со повисок тон им помагаат на бебињата да се фокусираат и да ја постават основата за јазикот.

Иако е многу помалку проучувано, се чини дека е исто и со гугањето на бебињата.

Истражувањата покажуваат дека додека бебињата достигнуваат различни фази во нивниот развој и го менуваат начинот на кој вербално комуницираат, мајките и татковците го менуваат својот „бебешки разговор“.

Ова може да значи дека не влијаат само родителите на децата, туку и дека децата го обликуваат однесувањето на нивните родители.

Други истражувања покажуваат дека кога бебињата покажуваат и гугаат за одреден предмет, поверојатно е дека родителите ќе зборуваат за тој предмет.

На пример, ако детето почне да гуга со кадифено куче, мајката и таткото веројатно ќе вежбаат да го изговараат зборот или звукот на кучето, или и двете.

„Знаеме дека она што го велат родителите влијае на тоа како децата учат – тоа има смисла – и дека сопствената мотивација на бебињата исто така го менува начинот на кој тие учат“, вели Елмлингер, додавајќи дека „она што не е проучено е врската помеѓу тоа како децата можат да ги променат своите родители или едноставно да ја променат средината за учење во целина.

Како што вели, тоа се обидуваат да го направат.

За да добијат поширока слика за важноста на гугањето на бебињата, научниците го проучувале однесувањето на 30 мајки и нивните бебиња.

Се покажало дека кога бебето гуга, мајката одговара со поедноставни реченици и зборови отколку кога бебето молчи.

Колку повеќе родителите зборуваат со бебињата на овој начин, толку побрзо бебињата ќе го разберат говорот.

„Заклучокот е дека во гугањето на бебето има многу повеќе отколку што изгледа.

Тоа е начин на бебето да добие што е можно повеќе информации од возрасните. Не е бесмислено“, вели Елмлингер.

Повеќе