Како семињата полни со протеини и здрави масти делуваат на плодноста?

Во последно време сѐ попопуларен е трендот на конзумирање на одредени видови семки за време на менструалниот циклус. Се смета дека микронутриентите од семките влијаат на рамнотежата на хормоните (естроген и прогестерон).

167

Семињата се храна која ја препорачуваат повеќето експерти бидејќи се богати со протеини, здрави масти, влакна, минерали и витамини. Се верува дека тие го подобруваат здравјето и виталноста, па дури и влијаат на плодноста и функцијата на хормоните.

Содржат малку калории и многу протеини битни за сила на мускулите, се верува дека здравите масти имаат поволно влијание врз работата на хормоните. Растителните влакна овозможуваат постепено зголемување на шеќерот во крвта и добро варење. Микронутриентите како што се калциум, фолати, витамин Ц, ги зајакнуваат коските и го штитат целиот организам.

Семиња за одредени периоди од менструалниот циклус

Во последно време сѐ попопуларен е трендот на конзумирање на одредени видови семки за време на менструалниот циклус. Ленот и семки од тиква се препорачуваат за време на фоликуларната фаза, која започнува на првиот ден од менструацијата и трае до овулацијата. За време на лутеалната фаза, вториот дел од менструалниот циклус, кој започнува по овулацијата и трае до почетокот на менструацијата (крварењето), се препорачува да се консумираат семки од сончоглед и сусам.

Дали семето може да има корисен ефект врз плодноста?

Се верува дека микронутриентите од овие семиња влијаат на рамнотежата на хормоните (естроген и прогестерон), со цел да се спречат наглите промени на расположението. Експертите од клиниката Мајо, сепак, нагласуваат дека нема доволно релевантни истражувања кои би можеле да ги оправдаат овие тврдења.

Во едно мало истражување, 18 жени учествувале во нормална исхрана, додавајќи 10 грама ленено семе во нивната исхрана секој ден. Сите жени имале овулаторен циклус во текот на кој дошло до ослободување на јајце-клетки. Ова е важно бидејќи голем број жени имаат ановулаторни циклуси без ослободување на јајце-клетки. Ановулацијата е една од неправилностите на менструалниот циклус кога јајниците не ослободуваат јајце клетка, поради што нема овулација и зачнувањето е невозможно.

Науката наведува дека додавањето семки во храната нема да им наштети на здравите возрасни лица, но и дека не треба да се смета на тоа дека семките ќе бидат делотворни кога станува збор за проблеми со плодноста. Совет е во вакви ситуации пред сѐ, да побарате стручна помош.

Генерално, семките се, сепак, здрав и релативно евтин начин за комплетирање на оброците и за давање специфичен вкус на јадењето.

Ленено семе
Лененото семе содржи омега-3 масни киселини и лигнани неопходни за кардиоваскуларниот систем, но и манган за силни коски. Експертите велат дека најмногу здравствени придобивки од лененото семе ќе имаме ако го сомелеме и потоа го додадеме, на пример, во јогурт, мафини, салати, пецива.

Чиа семе
Чии семето е богато со лигнани и омега-3 масни киселини кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем, содржат и магнезиум, минерал важен за здравјето на мозокот, дигестивниот тракт и срцето. Чиа семето не содржи глутен, а може да се додаде во житарки, салати, јогурт.

Семки од тиква
Семките од тиква имаат многу здрави масти и манган, што е од суштинско значење за здравјето на коските. Може да се консумираат како независна закуска или да се додадат во колачи, салати, хумус.

Семки од сончоглед
Тие се богати со здрави масти и витамин Е, важни за силен имунитет, здравје на кожата и очите. Се препорачува да се избегнуваат многу солени семки со вештачки вкусови.

Повеќе