Ако некој ве убеди дека сте болни и дека ќе умрете, тоа навистина може да се случи! Биолог го шокираше светот: Имаме природни лекови во нас, еве како да ги активираме

Американскиот биолог и научник Брус Липтон верува дека умот е посилен од гените, дека многу повеќе влијаеме врз сопственото здравје и врз околината со нашите мисли и верувања отколку со генетското наследство.

604

Д-р Брус Липтон, американски биолог и научник верува дека умот е посилен од гените и дека многу повеќе влијаеме врз сопственото здравје и врз околината со нашите мисли и верувања отколку со генетското наследство. Во својата работа, Липтон ги поврзува биологијата, психологијата и духовноста. За ова зборувал на семинар во Загреб во септември 2019 година, а гостувал и во емисијата „На работ на науката“.

Липтон предавал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Висконсин, а подоцна спровел револуционерно истражување за матични клетки на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд. Неговото пионерско истражување на клонирани човечки матични клетки го навести денешното ново, револуционерно поле на епигенетиката.

Денешната наука покажува дека нашите гени се всушност контролирани од нашата околина и од начинот на кој ја перципираме нашата околина. Нашето тело е составено од билиони клетки и секоја од овие поединечни клетки е уникатен дел од целото ваше битие што прима наредби од вашиот повисок ум, мисли, верувања и перцепции, истакнува Липтон во својата книга Биологија на верувањето.

Човечките клетки се под силно влијание на околината

Инаку, Липтон е молекуларен биолог и истражувач, пионер на епигенетиката кој најголемиот дел од својот живот го посветил на проучување на матичните клетки. Токму благодарение на нив, тврди тој, ја открил тајната на здравјето и животот. Науката и медицината отсекогаш не учеле дека секој од нас е само одраз на сопствената ДНК, односно, на гените. Следи дека сме целосно немоќни да промениме било што, но тоа е далеку од вистината, вели д-р Липтон.

Во своето истражување забележал нешто многу интересно – на човечките клетки силно влијае околината, како и нашите мисли и верувања. Во една од неговите бројни студии, тој го набљудувал однесувањето на идентични матични клетки во Петриев сад, во три различни хемиски средини. Секоја од овие групи на матични клетки, иако се генетски идентични, се развила во нешто друго – во зависност од околината, па така во една средина матичните клетки се претвориле во коскени клетки, во друга се формирале масни клетки, а во третата мускули.

Тој заклучил дека гените не одлучуваат како ќе се развие една клетка и дали ќе биде болна или здрава. Околината е важна. Нашиот организам се состои од огромна група од 30 трилиони клетки кои работат во хармонија. Д-р Липтон тврди дека однесувањето на секоја од овие клетки е значително под влијание на нашиот ум и перцепција, односно нашето доживување на светот. На пример, ако го гледаме светот како пријателско место, нашите клетки ќе добијат сигнали кои поттикнуваат отвореност, раст и развој.

„Ако некој ве уверува во тоа дека сте болни, вие ќе поверувате“

Ако го перцепираме истиот свет како непријателска средина во која мора постојано да се браниме и да внимаваме, нашите ќелии ќе добијат сигнали за исклучување. Наместо да ги извршуваат своите вообичаени функции, тие ќе преземат нова улога – одбрана од стрес и непријатели. Многу луѓе денес живеат под постојан стрес. Стресот го стимулира лачењето на хормонот кортизол, кој ги стеснува вашите крвни садови. Тогаш енергијата од стомакот, кој е центар на вашата виталност, имунитет и здравје, се пренасочува кон екстремитетите, кои добиваат целосен приоритет во ситуацијата „бори се или бегај“.

Бидејќи клетките под стрес трошат многу енергија за одбрана, веќе нема доволно енергија за работата на дигестивниот систем, имунолошкиот систем итн. Како резултат на тоа, организмот со текот на времето слабее, создавајќи поволна средина за разни нарушувања и болести.

Имено, на медицината ѝ е познато дека „семето на болеста“ се сади во првите шест години од животот на детето, кога семејните верувања се пренесуваат во потсвеста на детето. Во текот на тие рани години, мозокот на детето првенствено се наоѓа во тета бранови што создава хипнагогична состојба на умот. Оваа состојба на транс објаснува зошто децата лесно ја замаглуваат границата помеѓу фантазијата и формата.

„Ако некој ве убеди дека сте болни и дека од таа болест веројатно многу брзо ќе умрете, а вие во тоа навистина и поверувате, тоа навистина може да ви се случи!

Ако можете да му помогнете на човек да ги излечи својот ум и верувања, можете да му помогнете да го излечи своето тело. Можеме да произведеме природни лекови во себе менувајќи ја состојбата на нашат

Повеќе