Децата кои подоцна прозборуваат почесто имаат напади на бес!

Долго време се претпоставуваше дека доцнењето во говорот и нападите на бес кај малите деца одат рака под рака. Меѓутоа, ниедно истражување од големи размери, не ја потврдило успешно оваа претпоставка со податоци. Досега!

62

Нова студија во која се вклучени 2.000 учесници, спроведена од Универзитетот Нортвестерн открила дека малите деца со поскромен вокабулар имаат почести и потешки напади на бес од нивните врсници со типични јазични вештини.

Ова е првата студија што ги поврзува „касното прозборување“ со тешките темпераменти кај малите деца, вклучувајќи ги и децата на возраст од 12 месеци (што е многу помлада возраст од онаа на која многу клиничари обично веруваат дека може да се идентификува проблематично однесување).

Очекуваме малите деца да имаат напади на бес кога се уморни или фрустрирани, а повеќето родители можат да го почувствуваат тој гнев кога ќе го видат. Сепак, малку родители знаат дека одредени видови чести или тешки напади на бес можат да укажуваат на ризик за подоцнежни проблеми со менталното здравје, како што се анксиозност, депресија, ADHD и проблеми во однесувањето.

Слично на тоа, раздразливоста и доцнењето во говорот се фактори на ризик за подоцнежни јазични и образовни тешкотии. Околу 40% од децата кои доцна прозборуваат ќе имаат постојани јазични проблеми што можат да влијаат на нивните академски перформанси.

Детали за студијата „Кога да се загрижите“

Студијата е објавена во Journal of Applied Developmental Psychology.

Студијата анкетирала повеќе од 2.000 национално репрезентативни родители на бебиња на возраст помеѓу 12 и 38 месеци. Родителите одговарале на прашања за бројот на зборови на нивните деца и нивното однесување, како на пример колку често нивното дете има напади на бес кога е уморно во однос на времето кога се забавува.

Студијата сметала дека малото дете доцни во развојот на говорот и јазикот ако има помалку од 50 зборови или не формира зборови до двегодишна возраст. Истражувањето покажало дека децата кои доцнат со говорот имале поголема веројатност да имаат сериозни и/или чести напади на бес (речиси двојно почесто од нивните врсници со типични јазични вештини).

Научниците ги категоризираат нападите на бес како „тешки“ ако детето редовно прави работи како што се задржување на здивот и удирање на себеси за време на напад на бес. Малите деца кои имаат вакви напади на бес секојдневно или неколку пати на ден можеби ќе имаат потреба од помош за вежбање самоконтрола.

Што треба да знаат родителите?
Сите овие однесувања треба да се разберат како дел од развојното патување. Родителите не треба претерано да реагираат само затоа што друго мало дете знае повеќе зборови или затоа што нивното дете „подивело“ тој ден.

Причините за загриженост се оправдани само ако забележите постојан модел на проблеми и/или доцнења. Кога одат рака под рака, тие се влошуваат едни со други и го зголемуваат ризикот, делумно затоа што детето кое не зборува или знаемал број на зборови тешко остварува здрава интеракција со луѓето околу него.

Повеќе